Модниот избор на Меган Маркл на првото појавување како сопруга на принц Хари

Војводата и војвотката од Сасекс се вратија на работа само неколку дена по нивната свадба, која се случина 19 мај. Парот присуствуваше на забава организирана во чест на  70-тиот роденден на принцот Чарлс. Ова беше и првиот официјален кралски настан на Меган Маркл како член на семејството, и прво појавување во јавноста на брачниот пар, по венчавањето.

Забавата се одржа во градината на Бакингемската палата. Новата невеста изгледаше многу шик во фустанот Флавија од Goat, марка која е омилена на нејзината снаа, Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Модниот изглед Меган Маркл го надополни со бели тенки хулахопки, салонки на висока потпетица и ексравагантна шапка.

x

Check Also

Топ моделот Елза Хоск ќе го носи градникот на фантазиите (ФОТО)

Спектакуларното шоу на „Викторија сикрет“ ќе се одржи на 8 ноември, а ...