Модните дизајнери од „Џолев и уметностите“ на Моден викенд 2016 во Скопје

Учесниците од обуката по МОДЕН ДИЗАЈН во организација на „Џолев и уметностите“, деновиве со полна пареа работат на нивните завршни креации во модното студио на Никола Булески – Буле, со коишто ќе се претстават на 15-от Моден викенд 2016 во Скопје.

a moda

Никола Булески – Буле

a moda 2

„Македонски Поп-арт“ е темата на којашто работеа младите дизајнерки во изминатите три месеци, под менторство на дизајнерката Маја Кикириткова.  Поп-арт, што во превод значи популарна уметност е правец  што настанал во 60-тите години од XX век, како современа уметност во чиишто корени се наоѓаат уметничките правци: дадаизмот и кубизмот. Креациите се со автентични бои препознатливи за нашиот крај, а спојот со поп-арт културата  е направен преку илустрации специјално дизајнирани од страна на графичкиот дизајнер  Иван Дургутовски.

a Fashion

Во тек е пријавувањето на втората група за Обуката по МОДЕН ДИЗАЈН, којашто ќе започне на 6 март. Обуката е наменета и за лица кои немале претходно искуство во модната индустрија. Програмата е поделена во дванаесет седмици и на истата учесниците ќе имаат можност да се запознаат со основите на модниот дизајн, изработка на moodboard, цртање на модна илустрација и технички цртеж, изучување на изработка на модна колекција и реализација на истата во Модното ателје на ЕУРМ.  По реализацијата на модната колекција ќе биде направено и специјално фото-издание.

Александра Јовановска

Александра Јовановска

Менторка на втората група дизајнери е дизајнерката Александра Јовановска, којашто во соработка со универзитетски професори и професионални модни дизајнери ќе им помогне на новите учесници својата идеја да ја реализираат и настапат на 15-от Моден викенд во Скопје.

„Огромен предизвик е да работам на оваа програма кадешто часовите се исполнети со максимална креативност, а трите интензивни месеци со пристап што го поминува секој дизајнер при изработка на сопствена модна колекција. Токму тоа го правам и јас изминатиов период, работејќи на сопствената мини-колекција на унисекс кошули, трансформирани од машката фолклорна свадбена носија. Принтот на кошулите е инспириран од митолошките ликови: Адам, Ева и Лилит,“ – вели Јовановска, асистент по моден дизајн и модна илустрација на Факултетот за арт и дизајн, при ЕУРМ.

Повеќе за „Џолев и уметностите“ , можете да дознаете на нивната фан-страна – ТУКА! 

x

Check Also

Чоловиќ Лешоска: Репрогласувањето на НП Маврово е клучно за опстанокот на Балканскиот рис

Балканскиот рис е критично загрозен затоа под итно треба да се преземат ...