Модните изгледи на Меланија Трамп кои личат на копии на Меган Маркл

Дека Меган Маркл има истенчен стил – познато е, но дека една од нејзините обожавателки е и самата прва дама на САД – неодамна видовме, барем што се однесува до модните изгледи кои Меланија Трамп ги одбра за посетата на Англија, а кои неодоливо потсетуваа на модните изгледи на Меган Маркл.

Модните изгледи на Меланија Трамп при посета на Англија кои потсетуваат на модните изгледи на Меган Маркл

При посетата на Англија, Меланија Трамп носеше креации од Burberry, Givenchy , Celine и Dior, но случајно или не, овие модни изгледи се поклопуваа со креациите кои до сега ги има носено и војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

– Очигледно се дека Меланија Трамп осмислено ја селектирала гардеробата за посетата на Англија, но намерно или не – гардеробата беше многу слична на онаа на Војвотката од Сасекс. И двете жени сакаат чисти линии и минималистички американски изглед, пишува „Сан“.

Во продолжение, погледнете само дел од сличноста на креациите на двете познати дами.

Меган Маркл во Живанши креација со ремен и шапка, Меланија Трамп во слична комбинација од Долче и Габана

Меган Маркл во син фустан со необични ракави од Сафија

Меланија Трамп во црвен фустан со необични ракави од Живанши

Меган Маркл во тесен бел миди фустан од Karen Gee

Меланија Трамп во тесна бела креација од Диор

Меган Маркл во Барбери мантил

Мантин во слична нијанса и сличен крој од Celine

 

x

Check Also

Викторија сикрет ја претстави празничната кампања (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ангелите на Викторија сикрет Барбара Палвин, Биргит Кос, Елса Хокс, Лорен Дуран, ...