Модните изгледи на Моника Белучи во 2020: Од Диор до Александар Вотие

Моника Белучи е несомнено најфранцузинката меѓу Италијанците и една од најубавите жени во светот. Пред да ја наречеме актерка, Моника е пред сè мајка н две ќерки, два плода од нејзината љубов со Винсент Касел. На 55 години, Моника Белучи може да се пофали со навистина долга и успешна кариера. Покрај што е извонредна глумица, Моника Белучи има и истенчен стил.

Да се ​​восхитуваме на стилот на жена како Моника Белучи е едноставно. Црната ѝ е омилена боја, а црниот костум или црниот фустан се чини дека за неа е оптимално решение за секој дел од денот. Особено ако горниот дел има нагласен јака, блејзерот е со совршен крој, а панталоните се високи и „паѓаат“ совршено. Еден од омилените нејзини креатори е Французинот Александар Вотие. Но,таа изгледа прекрасно и во реациите на Диор, од Марија Грација Кјури, кои ѝ додаваат дополниелна женственот. Накит? Начесто, Картие.

Инаку, Моника годинава започна нов предизвик – театарот, со улога во претстават „Писмата и спомените на Марија Калас“, претстава поради која многу нејзини обожаватели сигурно ќе дојдат да аплаудираат во Париз.

 

x

Check Also

Принцот Чарлс го помина коронавирусот со благи симптоми, ѝ се обрати на јавноста

Принцот Чарлс зборува за прв пат по излегувањето од самоизолација. 71-годишниот наследник ...