Модните правила на Коко Шанел

Една од најславните модни дизајнерки која своевремено владеела со париската модна сцена, Коко Шанел, на модната сцена остави неизбришливи траги, создавајќи го познатиот шанелов костум и малиот црн фустан на кои и денес и се благодарни припадничките на понежниот пол насекаде низ светот.

Coco-Chanel-3

Денес, сепак најмногу ја паметиме по нејзиниот парфем Шанел бр.5 (Chanel No.5), првиот парфем кој се продаваше насекаде во светот, а го користеше и Мерилин Монро. Коко сметала дека жената без парфем е жена без иднина, а славниот Шанел бр.5 е се уште меѓу најбараните парфеми во светот.

И покрај тоа што поминаа неколку децении од нејзината смрт, нејзините модни правила се уште важат.

1. Основно модно парче : Малиот црн фустан поминува во секое време.

2. Пронајдете го она што ви прилега : Најдобра боја е онаа која најдобро ви прилега.

3. Ако се двоумите, изберете монохроматски бои : Жените мислат на боите, а забораваат на монохроматските. И црната и белата се преубави, а заедно сочинуваат совршена хармонија.

chanel1

4. Не колебајте се да испробувате облека : Фустанот можеби изгледа добро на закачалка, но тоа не мора ништо да значи. Дури кога ќе ја облечете, ќе видите како го оцртува вашиот струк, нозе и раце.

5. Дадете се од себе : Не можам да ги разберам оние жени кои не сакаат барем малку да се дотераат пред да излезат од дома, барем од чиста пристојност. Освен тоа, никогаш не можете да знаете, можеби тој ден ќе ја сретнете својата судбина. А за средба со неа, сигурно би сакале да изгледате поубаво.

6. Помалку е повеќе : Додека ги облекувате модните додатоци, секогаш соблечете го последниот – само така нема да претерате.

7. Не ги следете модните трендови бадијала : Модата се менува, но стилот останува.

8. Бидете шик, ако сакате да ве забележат : Носете нешто со лош квалитет, па луѓето ќе се сеќаваат што сте носеле, облечете нешто квалитетно и луѓето вас ќе ве паметат.

9. Без тоа не оди : Секоја жена во своето шкафче треба да има сако од твид.

10. Жена со стил : Жената секогаш би требало да биде неверојатна и елегантна.

 

 

x

Check Also

Златни можности со златна картичка на Халкбанк

Поседувањето и користењето кредитна картичка е огромна предност која со себе носи ...