Модно реновирање на домот со 0 ден. буџет

Секое лето сакате да внесете свежина во вашиот дом преку нови парчиња мебел, нова интересна светилка во вашиот двор или нова уникатна столна ламба.

22
Единствената препрека е што вашата кредитна картичка не може да си го дозволи тој луксуз. Креативноста е секогаш повредна од било кој скап кристален украс кој со години го гледате во излозите. Овие идеи прикажани на фотографиите нека бидат само почеток на вашето летно разубавување на вашиот дом.

15
Старите домино коцки и стариот механизам од неупотребуваниот часовник [sociallocker id=”6414″]може да бидат вашиот нов дизајнерски ѕиден часовник кој одлично ќе се вклопи во вашата работна соба.

23
Пластичните лажици кои постојано ви остануваат како вишок од роденденските прослави кога ги честевте колегите со торта повеќе нема непотребно да седат во дното на кујнската фиока бидејќи ќе го красат вашиот ходник и ќе бидат вашето омилено огледало во домот.

17
Разиграјте го здодевниот стар кауч со интересни перничиња кои ќе остават впечаток како да сте купиле нов кауч.

20

Од старата лименка пиво направете интересен држач за свеќи. Од старите тегли и кујнски садови направете оригинални светилки за во вашата градина или кујна. На идеите им нема крај…

21

* Правата на идеите и оригиналните фотографии од креативните изработки ги задржува „Хендиманиа“ . 

[/sociallocker]
x

Check Also

Цветен бар исполнет со неодолив мирис, креативност и инспирација

Сите барови во градот се украсени во празнично руво, но еден бар ...