Моќен омбре маникир (ВИДЕО)

Омбре манијата продолжува. Време е и вашите нокти да бидат дел од летниот омбре ритам.

004om
Специфичните шари не’ асоцираат на долго топло лето, а со оваа техника може да дојде до израз вашата креативност, да ги комбинирате вашите омилени бои во едно и да заблескате ова лето со вашиот нов и уникатен маникир.

006om
Прв чекор
Земете сунѓерче, потопете го во вода и оставете го малку да се исуши. Во меѓувреме излакирајте ги вашите нокти со некоја пудер варијанта на лак за нокти.

005om
Втор чекор
На сунѓерчето нанесете три нијанси, почнувајќи од посветлата кон потемната нијанса.

003om
Трет чекор
Со нијансираното сунѓерче започнете да тапкате на секој прст поединечно.

002om
Последен чекор во омбре техниката е нанесување на безбоен лак со кој ќе го постигнете крајниот ефект. Креативноста нека биде бесконечна како и летните денови кои следуваат и заблескајте на песочните плажи со вашите омилените силни бои со сензуален омбре маникир на вашите ноктите.

x

Check Also

Сите се луди по новиот тренд на коса за есен 2020, од Џенифер Лопез до Кејти Холмс

Се прашувате кој е најголемиот тренд меѓу фризурите за есен 2020 година? ...