Моќна напивка за детоксикација и отстранување на маснотиите

Гре­јпфру­тот е одли­чен извор на хра­нливи состојки и фито­хе­ми­ка­лии, изобилува со вита­мин Ц, анти­ок­си­дант и други состојки кои пома­гаат во изба­лан­си­ра­ната исхрана. Познат е и по своето анти­ми­кроб­ско деј­ство, а во 100 грама содржи минимални калории (33).

Грејпфрутот е погоден за секој вид на диета, а доколку од него се направи напивка добивате вистинска витаминска бомба која помага во детоксикацијата на организмот, а ги отстранува и наталожените масти. Грејпфрутот помага во слабеењето бидејќи маснотиите ги претвора во енергија.

За да ја подготвите напивката од грејпфрут потребно е – 1 литар вода, 1 грејпфрут, 1 мандарина, 1 краставица, 6 ливчиња нане.

Подготовка

Добро измите ја краставицата а потоа сосе кората исечкајте ја на мали парчиња или кругови. Грејпфрутот и мандарината излупте ги и разделете ги на кришки.

Во голем стаклен сад со широко грло ставете ги сите состојки. Потоа, претурете ја во садот водата. Оставете ја водата со овошјето и зеленчукот во фрижидер преку целата ноќ. Следното утро напивката помешајте ја и пијте од неа во текот на денот.

x

Check Also

Забарите откриваат: како да ја намалите штетата на вашите заби предизвикана од пушењето?

Убавата насмевка е најчесто првото нешто кое го забележуваме кај некоја личност. ...