Моќни како сирена | Penti костими за капење 2019

Лето. Сонце. Песок. Идеална комбинација за да го облечете костимот за капење кој го обожувате и да се препуштите во уживање на летото! Одберете го оној во кој ќе се чувствувате магично и привлечно… во оној кој ќе се чувстувате моќно како сирена. Ги издвојуваме водечките трендови за оваа сезона преку костимите за капење на Penti, фотографирани на егзотичните плажи на Малдивите.

 

Во нив ќе пронајдете повеќе мотиви и дезени кои ја истакнуваат женственоста и убавината на секое тело. Тропски дезени има на костимите за капење кои се инспирирани од зелените џунгли, големите дрвја, шарените цвеќиња и мирисот на летото. Нив може да ги комбинирате со еднобојни кафтани или наметки, а дополнително изберете и впечатливи чанти за на плажа. Колор-блок костимите за капење можете да ги комбинирате меѓусебно, со што ќе добиете нов изглед при секоја комбинација. Играјте со пастелни бои за нежен и романтичен изглед, или со бои кои се впечатливи и јаки за да ја покажете шарената страна на летото. Трендот за оваа сезона вели и минимализам и користење на симетрични и геометриски форми за софиситициран изглед на плажа. Додадете шешир или марама на коса, а дополнете го изгледот со шарени обетки. Погледнете дел од изборот на Penti и одберете ги вашите омилени костими за капење за ова лето во нивните продавници во Скопје (Сити Мол и Рамстор Мол), како и во Битола (Широк Сокак). Следете ги на нивните профили на Фејсбук и Инстаграм за сите информаци и детали околу колекцијата.

x

Check Also

Отворање на нови продавници Parfois во Тетово и Битола

Вашиот омилен протугалски бренд за асесоари Parfois – поблиску до вас! Сега, со ...