д-р Валентина Крстеска

Моќта на суплементите „Липо алфа“ и „Липо бета“ за брзо слабеење

Протоколот за слабеење се состои од две фази. Првата фаза е липо третман со примена на препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“ и трае 14 дена. Втората фаза е план за исхрана и стабилизација и одржување на килограмите и трае исто така 14 дена.

Липосукциската диета, која во последно време е вистински хит на Балканот, па така и кај нас, има многу славни следбеници. Со нејзина помош килограмите ги загубија Тијана Дапчевиќ, Сузана Манчиќ, Наташа Беквалац, Жељко Самарџиќ, храватската претседателка Колинда Грабар- Китаровиќ, и многу други познати личности. И навистина звучи фантастично. Кога некој важен настан е пред вас, треба да одите на свадба или пак, ја планирате сопствената свадба, а не сте сигурни дека ќе изгледате фит во фустанот кој сте го одбрале, за 10 дена (или малку повеќе) може да ги решите овие маки. Творецот на оваа програма, нутриционистот Кенан Мандра, открива како да ја одржувате оптималната линија и да живеете здраво.

Шеќерите на црна листа

– Современата исхрана изобилува со шеќери кои заедно со хормонот инсулин доведуваат до наталожување на масни наслаги и до дебелеење. Липосукциската исхрана значи обратно – внесување на здрави и заситени масти, а избегнување на шеќери. Бидејќи мастите, за разлика од шеќерите, не се само празни калории, телото е снабдено не само со двојно повеќе енергија, туку и со есенцијални нутриенти. Иако липосукциската исхрана, во поширока смисла, е стил на живеење, таа својата популарност ја стекна најмногу благодарение на дието-терапевтските третмани, т.н неинвазивна липосукција. Еден третман од 14 дена овозможува намалување на телесната тежина за 7 до 10 отсто – вели Кенан Мандра и додава:

– Главно, дозволено е сѐ она што вашата баба би го препознала како храна. Значи, храната која се наоѓа во природата, а наша задача е да ја препознаеме и да научиме да разликуваме природна храна од вештачки производи. Не треба да се конзумираат шеќери, рафинирани растителни масла, маргарин, житарки, сокови и слатки, инстант-супи, храна од ќесички, туби, конзерви, кутии, тертарпак и слично. Секогаш треба да се снабдиме со куп домашен зелечнук (зелка, салати, брокула, карфиол, домати, краставици, пиперки). Неизоставни намирници се маслиново масло, путер, јајца, полномасни сирења, кефир, домашни сувомеснати производи, телешко и риба. Кога ќе уживате во тоа што јадете здраво, тогаш навистина ќе се почувствувате слободно и ќе го одбирате за себе само најдоброто. Без таа свест, секоја диета е само една добра епизода која кратко трае и дава привидни резултати – истакнува Мандра.

Липосукциската диета е против броењето на калории, туку е за тоа од каде тие калории доаѓаат. Не треба да гледате на часовникот и да ја мерите храната, зашто количините не се важни, важен е составот и квалитетот на тоа што се јаде. По извесно време ќе научите да го слушате своето тело и ќе сфатите дека сте сити со многу помали количини отколку претходно, зашто мастите се хранливи и ќе ве држат сити, за разлика од шеќерите и скробот кои ве прават постојано гладни.

Предлог на дневно мени

Појадок – Секое утро започнете го со млака лимонада. Основа на појадокот се јајцаta на сите начини, со печурки, зеленчук, домашни сувомеснати производи, домашни полномасни сирења, кефир со мелено ленено семе, леб без брашно со путер и домашен намаз. Кафето е здраво, особено еспресото, но немојте да го конзумирате после 14 часот.

Ручек – Волуменот на оброкот нека биде од зеленчукот, а нутритивната содржина – здравите масти, додека протеините ограничете ги. Месо не конзумирајте претерано, парче црвено или бело месо, или риба, е оптимална количина на протеини. Сѐ подготвувајте на путер, маслиново масло или кокосово масло. Зачинета ја храната со билни зачини. Мрсна супа треба да биде почеток на ручекот. Наместо компир и ориз користете прилози од лиснат зеленчук кој расте над земја. Ако сте за време на ручекот на работа, тогаш подгответе го оброкот порано и однесете го на работа. Ако ни тоа не можете, тогаш појадувајте добро дома и постете до вечерата.

Вечера – Наједноставно е да го дојадете тоа што останало од ручекот. Може да направите и голема чинија салата со малку кашкавал (или полномасно сирење) и пршут, некоја варијанта со јајца и зеленчук или едноставно испијте чаша кефир со ленени семки.

Не заборавајте на препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“!

Секако, за липосукциската диета да биде успешна и брза, неопходни се суплиментите – „Липо алфа“ и „Липо Бета“.

– Протоколот за слабеење се состои од две фази. Првата фаза е липо третман со примена на препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“ и трае 14 дена. Втората фаза е план за исхрана и стабилизација и одржување на килограмите и трае исто така 14 дена. „Липо алфа“, прашок во ќесички, е додаток на исхраната, базиран на концентрат од протеини на сурутка, со додаток на глукоманан, таурин, калиумов цитрат, трикалциумов фосфат, витамините Б 6 И Б 12, цинк и засладувачот сукралоза. „Липо бета“ пак, се аминокиселини во капсули, додаток кон исхраната базиран на аминокиселините Л цитрулин, Л орнитин-алфа-кетоглуторатат, Л изолеуцин и Л триптофан. И „Липо алфа“ и „Липо бета“ се произведуваат во Германија според највисоки стандарди, а регистрирани се како додаток во исхраната во надлежните институции во Република Македонија, објаснува д-р Валентина Крстеска од „Iternational Health“ Скопје.

Lipo Diet Centar во Скопје

Во центарот на Скопје, на улица Димитрие Чуповски број 22 (спроти поранешен „Мекдоналдс“), се наоѓаат новите канцеларии на Центарот за липосукциска исхрана на „Интернешнл хелт“. За бесплатни совети посетете го Липо Диет Центарот или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033, под раководство на д-р Валентина Крстевска.

x

Check Also

Еве зошто се здрави семките од тиква

Иако често ги поврзуваме со грицки за забава во кино, семките од ...