Момци, што да подарите за 8 март на една посебна девојка

Ако тукушто сте започнале врска, бесмислено е да се рафрлате со скапи подароци, бидејќи ќе се најдете во непријатна ситуација. Ако пак сте во долга врска или брак, тешко дека ќе го изненадите партнерот, но добро е да го познавате вкусот и афинитетите на драгата личност. Затоа, со овие подароци (без разлика на должината на врската) никогаш нема да згрешите.

Цвеќе

Црвените рози се симбол на љубов. Може да ги подарите на девојка со која тукушто сте започнале врска исто како што може да ги подарите и на сопругата. Секако, може да подарите ваков букет и на добра пријателка. Избегнувајте жолти и бели ружи кои асоцираат на љубомора или романтичност. Ако подарувате на повозрасна жена одличен избор е лилаковото цвеќе.

Слатки

Девојките сакаат да внимаваат на линија, но тешко ќе одолеат на убава кутија со слатки. Ако сакате да го изненадите партнерот, може сами да подготвите палачинки, на пример. Посладок подарок нема да одберете.

Козметички третман

Девојките сакаат да се дотеруваат, но уште посреќни би биле кога вие тоа посериозно би го сфатиле. Значи, маникир, педикир, масажа и слично доаѓаат во предвид како подарок, но немојте да подарувате бон за депилација или антицелулитен третман.

Долна облека

Се подарува на девојка ако сте сигурни во вашата врска. Одберете секси, но не вулгарно модно парче, за да не ја навредите. Заборавете на црвената боја, туку купете црн сет. Во секој случај, сочувајте ја сметката, па доколку насмевката не и биде баш онака како што сте очекувале, подарокот може да си го замени сама.

Парфем

Магија за сетилата, парфемот е подарок со кој навистина не можете да згрешите. Но и со овој подарок, како со долната облека, треба да бидете внимателни. Веројатно, вашата сакана си има свој омилен парфем, па потрудете се да и подарите таков каков што преферира.

x

Check Also

Над 300 млади пливачи на Зимското национално првенство во мали базени

Зимско национално првенство во мали базени се одржа во Спортскиот Центар Борис Трајковски во ...