Познатата луксузна модна и козметичка куќа Yves Saint Laurent го лансираше новиот парфем за пролет/лето 2019, насловен Mon Paris Parfum Floral.
Станува збор за едицијата, поточно за четвртиот парфем Mon Paris од 2016.
Во миризбата доминираат цветните ноти и тоа тие се прилично разнолични, што го прави парфемот моќен и впечатлив – бела роза, божур, цвет од портокал, магнолија, пачули, мошус, кашмир, праска и цитрусно овошје.
Шишенцето е препознатливо и украсено со панделка. Парфемот е достапен во шишенца од 30, 50 и 90 мл.