Моника Белучи, Ева Херцигова, Изабела Роселини, Ешли Грем…бројни ѕвезди во новата кампања на Dolce&Gabbana

Dolce&Gabbana ја претставија кампањата за колекцијата пролет/лето 2019.

За потребите на кампањата, италијанската модна марка ангажираше дури седум фотографи. Со минатогодишните скандали на социјалните мрежи и откажувањето на ревијата во Шангај, времето ќе покаже што понатаму ќе се случува со оваа популарна луксузна марка за која бројни ѕвезди повикуваат на бојкот, односно на некупување на модни парчиња од Долче и Габана. Од друга страна пак, очигледно е дека бројни ѕвезди и понатаму ја поддржуваат работата на суперкреативното дуо, па во кампањата се најдоа куп познати лица меѓу кои Хелена Кристенсен, Ешли Грем, Ева Херцигова, Карла Бруни, Карен Елсон, Изабела Роселини, Моника Белучи, Кјара Шелси и други.

Фотографиите се направени на живописните италијански улици, а во трендовите за пролет/лето доминираат богатите цветни принтови, полка точките, анимал принтот и црната чипка.

x

Check Also

Џенифер Лопез снима нов филм, гардеробата која ја носи е многу шик

Пејачката и глумица снима романтична комедија „Marry me“ а партнер во филмот ...