Моника Белучи и италијанската диета во неколку правила

Можно ли е да остенете витки во земјата на пицата, шпагетите, тестенините…Да се биде фит како Моника Белучи? Зошто гојазноста не е значаен проблем во земјата на равиолите ? Овие и уште неколку диетни мистерии се разрешуваат во овој текст.

Софија Лорен

Софија Лорен

„Се што гледате, го должам на шпагетите“

Софија Лорен

Ако фрлите поглед на жителите на Италија, ќе ви биде јасно дека немаат проблеми со телесната тежина и изгледаат здраво (во бројки, само 9 отсто од Италијанците се соочуваат со гојазност), иако ќе ги видите како јадат пица или тестенини и како попладне уживаат во пенливо вино.

Како е можно тогаш да се витки?

mb5

Правило број 1. Квалитет наместо квантитет

За разлика од порциите на Американците кои се огромни, во Италија храната се сервира во мала количина. Повеќето од Италијанците не се засегнати со броење на калории бидејќи престануваат да јадат кога ќе почувствуваат ситост и потоа пијат кафе. Во Италија поважен е квалитетот отколку квантитетот на храната. Второ, оброците се избалансирани, не содржат многу маснотии, доволно јагленохидрати, многу морска храна или пилешко, а многу помалку црвено месо.

Правило број 2. Постои само едно масло – маслиново масло

Речиси сите италијански јадења се приготвуваат со маслиново масло. Тоа се употребува и во готвењето, и во салатите, во сосовите, всушност ова масло игра голема улога во животот на луѓето од Медитеранот. Но иако маслиновото масло е многу здрава маснотија, го конзумираат во мали количини.

mb3

Правило број 3. Уживајте во свежа храна

Свежата риба, билките, артичоките, тиквичките,модрите домати, лимонот…тие се дел од вкусната италијанска здрава храна. Тестенините се сервираат со малку маслиново масло, доматен сос и зеленчук, и секогаш во мали порции.

Правило број 4. Чести прошетки

Често се движат во текот на денот, до плоштадите, по уличките, во центарот, на шопинг. Често ги користат викендите да изезат од големите градови и да одат на прошетка во некое мало местенце или покрај море.

mb43

Правило број 5. Мал појадок

Појадокот е многу важен, а за Италијанците е многу важно да го започнат денот со мал појадок кој се состои од кафе со млеко со кроасан или бисквити. Фит Италијанците одбираат интегрални бисквити.

Правило број 6. Откажување од слатките и газирани пијалаци

Тешко дека ќе видите дека некој Италијанец пие газиран пијалак за време на ручекот или вечерата. Чаша црвено вино, да. Тешко дека ќе видите и дека пијат ајсти и шејкови. Патем, фрапучиното не е италијанско.

mb1

Правило број 7. Пицата не е секојдневно мени

Жал ни е ако ве разочараме, но нема да ви кажеме дека јадењето пица секој ден е здраво. Во Италија, пица е тип на храна која се јаде во сабота или недела, кога одите кај пријателите. Традиционалната италијанска пица се јаде само со сирење (моцарела) и зеленчук, а со тоа е далеку помалку калорична од онаа која содржи други намирници.

Правило број 8. Никако брза храна

Кога ќе посетите супермаркет во Италија ќе видите дека чипсовите и слатките пијалоци се сместени само на некој дел од полица, за разлика од Америка каде се распоредени на повеќе полици. Во оваа земја не е вообичаено ништо да се грицка после вечерата, дури ни ако сте пред компјутерот или телевизорот. И лиценците за брза храна се малку присутни во Италија.

mb2

Правило број 9. Лесна вечера

Како што појадокот е лесен, тоа важи и за вечерата. Типичната вечера обично вклучува супа или мала порција паста со зеленчук и малку сирење.

Правило број 10. Не на ригорозни диети

Италијанците не дражат „луди“ диети. Сакате да загубите килограми? Избегнете ја пржената храна и сосовите за тестенините. Салата од домати, доматен сос, повеќе зеленчук, лимон и други намирници со интензивен вкус и мирис. И последно но не и неважно – јадете без да чувствувате вина.

x

Check Also

Нутириционистите тврдат: Ова е појадокот ако сакате да го „стопите“ стомакот

Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци, зашто во себе содржи ...