Моника Белучи повторно е сама, крај на врската со Николас Лефевр

Популарната италијанска глумица Моника Белучи во најновото издание на француското списание Фигаро отворено зборува за крајот на љубовта со уметникот Николас Лефевр.

По разводот со Винсент Касел, Моника Белучи не остана долго време сама. Минатиот март, на модната ревија на Шанел во Париз таа ја изненади јавноста појавувајќи се во друштво на осумнаесет години помладиот од неа уметник, Николас Лефевр. Потоа, парот се појави заедно на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Но, на почетокот на јули, во италијанското списание Ф, Белучи објасни дека „нивниот заеднички лет сега продолжува по две други патеки, но пријателството ќе остане засекогаш“. И доколку некои ова не го разбраа сериозно, 54-годишната глумица е многу појасна во долгото интервју за француското списание Фигаро во кое вели дека љубовта е завршена.

Оваа изјава доаѓа на самиот крај на интервјуто. – Реков дека љубовта е завршена, не реков дека бев сама“.

Новинарот на Фигаро, барајќи уште поцврсти изјави продолжува да ја прашува.

-Значи повторно сте сами?

-Ах, на ова не ви одговарам.

Интервјуто за Фигаро е проследено и со фотосесија во која Белучи изгледа прекрасно облечена во модни парчиња од актуелните колекции на луксузните модни марки, меѓу кои и Диор. Во продолжение, погледнете дел од фотосесијата.

 

x

Check Also

Кејт Мидлтон со боси нозе на кралската турнеја во Пакистан

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се појави боса и со шамија при ...