Моника Белучи позира во шик модни комбинации за „Ел“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Глумицата Моника Белучи ја краси насловната страница на јулското издание на францускиот „Ел“.

Италијанската убавица за едиторијалот позира во модни парчиња од есенските колекции на луксузните модни марки – Изабел Маран, Гучи и Мајкл Корс.

На фотографијата на насловната страница Белучи носи карирана јакна и сукња од Фенди, а изгледот е надополнет со алка од Картие.

Фотограф на фотосесијата е Миро Вулф.

x

Check Also

Меган Маркл на листата на најубаво облечени жени според Vanity Fair

Војвотката од Сасекс се најде на престижната листа на најубаво облечени жени ...