Дева Касел (лево)

Моника Белучи со ќеркаси снимаат реклама за Долче и Габана

Во еден збор, преубави. Моника Белучи и нејзината ќерка Дева Касел овие денови престојуваа заедно на крајбрежјето на Амалфи каде се снимаше новата кампања на Долче и Габана.

Дева е ќерка од бракот на славната глумица со Вансан Касел. Девојчето е одбрано да биде дел од кампањата на новиот парфем на Долче и Габана.

Белучи во италијанското гратче Амалфи се појавила во одлична форма, придружувана од ќеркаси, облечена во џинс и бела кошула. Дева пак, која минатиот септември наполни 14 години, е се поубава девојка и се повеќе наликува на својата мајка.

Дева Касел

x

Check Also

Изглед на денот: Розовиот светкав костум на Мишел Обама

На европската турнеја на која ја презентира својата хит книга, автобиографијата Becoming, ...