Моника Белучи со моден избор – црни комбинезонки во Кан

„Домаќинката“ на Канскиот филмски фестивал за оваа година, глумицата Моника Белучи, пристигна во Кан каде беше од новинарите и папараците со голем интерес пресретната и следена. Утре, на 17 мај, ќе ја видиме и на црвениот тепих. Љубопитните (се) прашуваат, дали на црвениот тепих во нејзино друштво ќе ја видиме и нејзината нова љубов?!

Моден избор – црни комбинезонки, црни чевли со умерено висока потпетица, предимензионирани црни очила за сонце и нагласен светликав ремен.

53-годишната Белучи „слета“ на аеродромот во Ница, облечена во црни комбинезонки. Таа официјално ќе ја отвори 70-та едиција на Канскиот филмски фестивал кој ќе се одвива од 17 до 28 мај.

За Белучи ова не е првпат да биде дел од Канскиот филмски фестивал. Таа беше „домаќинка“ на фестивалот и во 2003 година, а во 2006 година беше член на жирито. Последниот пат на црвениот тепих на фестивалот се појави во 2014 година, за сега, по три години, повторно да биде тука..

Белучи во 2014 година на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, во креација на Долче и Габана.

Иако многумина се надеваат дека утре на црвениот тепих убавата глумица ќе пристигне во придружба на новата љубов, шансите за тоа се мали. Сеуште на јавноста не е познато неговото име, а изјавата за новата љубов од Белучи беше ваква- „На 53 години, сега сум друга жена. И да, имам маж во мојот живот“. И толку, без детаљи. Станува збор за прва сериозна врска на глумицата, после разводот од Вансан Касел, татко на нејзините деца Дева (12 години) и Леони (6 ипол години).

Списокот на ѕвездите кои потврдиле дека утре ќе се појават на црвениот тепих во Кан е долг и импресивен, од Вил Смит до Ума Турман, Клаудија Кардинале, Мерион Котилард до Никол Кидман и други…

Останете „вклучени“.

x

Check Also

Кралскиот изглед на денот: Летиција од Шпанија носи машки костум

Класичен и безвремен стил покажа кралицата Летиција од Шпанија – фокусирајќи се ...