Моника Белучи со поранешниот сопруг заедно на црвенио тепих

Поранешниот пар Моника Белучи и Вансан Касел се појавија заедно на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција.

Поводот за заедничко појавување е прикажувањето на филмот во кој заедно глумат Irréversible, од 2002 година.

За оваа пригода, убавата италијанска глумица носеше раскошен црвен фустан од тантела со извезени цветови. Фустанот е од есенската колекција на Долче и Габана.

Изгледот го надополни со дискретна шминка, големи кружни обетки и црна плик чантичка.

Инаку, парот се разведе во 2013 година по 14 години брак, а заедно имаат две ќерки. По разводот, Вансан се ожени со 22годишната Тина Кунаки со која има ќерка.

x

Check Also

Сестричките Кардашијан и Џенер се расоблекоа за новиот бренд на Ким (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кога популарните девојки од семејствата Кардашијан и Џенер ќе се обединат со ...