Моника Белучи стана русокоса, инспирирајте се од нејзината нова фризура

Италијанската сексапилна глумица Моника Белучи го промени стилот – стана русокоса.

Промената на фризурата и бојата на косата на Моника Белучи ги изненади фановите, без разлика дали станува збор за вистинска трансформација или за перика. Италијанската убавица која неодамна блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал се фотографираше за „Сун Магазин“ во поинакво издание. До сега бевме навикнати да ја гледаме со темна нијанса на косата, но 55-годишната глумица се одлучила да позира во сосема нов изглед.

Некои од фановите коментираа дека новиот, свеж изглед на глумицата се должи на влијанието на нејзиниот нов партнер, 18-години помладиот галерист Николас Лефевре.

Во фотосесијата, Белучи позира во неколку елегантни модели од Валентино, а ја краси накитот од Картие.

x

Check Also

Погледнете ја 49-годишната Наоми во фотосесија за списанието WSJ

Октомврискиот број на списанието WSJ го краси црната пантерка – Наоми Кемпбел. 49-годишната ...