Моника Белучи танцува на забавата на Мајкл Корс

За време на вечерните забави кои се одржуваат на Канскиот Филмски фестивал, ѕвездите се забавуваат, а некои и танцуваат.

Моника Белучи очигледно сака да танцува. На забавата организирана од Мајкл Корс, италијанската глумица ги покажа своите танчерски способности во друштво на нејзиното момче Николас Лефевре. Според присутните на забавата, Белучи не само што танцувала туку и запејала.

Листата на гостите кои биле на оваа забава е долга, од Амбер Херд до Енди Мекдауел, Рита Ора, Стејси Мартин и други.

За оваа прилика глумицата носи секси светкав фустан од „Диор“ во комбинација со впечатлив накит и сандали на висока платформа.

x

Check Also

Шерон Стоун ги советува фановите како да останат безбедни во своите домови (ВИДЕО)

Од актерка до советник за лична безбедност – Шерон Стоун (62) на ...