Моника Белучи во раскошен микс-принт фустан од Долче и Габана

Италијанската глумица Моника Белучи (54) и нејзиното момче Николас Лефевре (36) неодамна ги видовме заедно на црвениот тепих на Канскиот Филмски фестивал. Сега пак, повторно се фотографирани на црвениот тепих на хуманитарниот гала настана на ELLE кој се одржа во луксузниот хотел Интерконтинентал во Мадрид, Шпанија.

Убавата Бонд девојка за оваа прилика носеше раскошен фустан со микс-принт од цветови и свилена кошула со полка точки. Макси фустанот и наметката (кошулата) се од новата колекција на Долче и Габана. Изгледот е надополнет со темно-црвени чевли со висока платформа, тркалезни сребрени предимензионирани обетки и мала чантичка.

Прашана од новинарите дали планира повторно да се вечна, поранешната Бонд девојка рече. -Кога претходно сте биле двапати во брак, ви треба повеќе време за да се одлучите повторно за брак, но и да разберете зашто се случило и зошто сте се развеле. Да кажеме дека сега сум во фаза на учење“.

Белучи беше во брак со модниот фотограф Клаудио Карлос Басо, од 1990 до 1994 година, а подоцна со глумецот Вансан Касел, од 1999 до 2015.

x

Check Also

Бела Хадид во новата кампања на Мајкл Корс

Бела Хадид е главно лице во новата кампања на Мајкл Корс за ...