Моника Белучи: љубовта не си заминува, само се менува!

Преубавата актерка проговори отворено за разводот со Винсент Касел.

Долгогодишната соработа на Моника Белучи и италијанскиот Венити фер продолжува, овојпат со ексклузивно интервју и фотосесија, во кое глумицата зборува за разводот со Винсент Касел. Да се потсетиме, Белучи ја красеше насловната страница на првото издание на Венити фер Италија, потоа блесна на насловната на ова списание за 10-годишниот јубилеј, па не е чудо што ексклузивната тема која го скокотка светот токму тука ја отвори.

Во интервјуто Моника потврди неколку пати дека крајот на бракот е финален избор, дека со Винсент ќе остане и понатаму во добри пријателски односи најмногу поради семејството. Белучи објасни и дека Винсент бил значаен фактор во нејзиниот живот цели 18 години. „Тој  ми помогна да пораснам, ме постави пред огледалото и ме натера да ги видам сите работи кои не ги знаев за себе“, вели Белучи.

monika 2

Моника се преселила во Франција само поради Винсент. Но нејзината лојалност кон родната земја останува цврста, па затоа и одлучила двете деца да ги роди токму во Италија. Секој слободен миг пак, го поминува во Рим.

Дури и за една убавица како неа, улоги се добиваат тешко кога ќе се наполнат 49 години, со што Моника се согласи, но додаде дека нема намера да се насочи кон режија или продукција, туку за сега ќе остане актерка, а понатаму ќе одлучи според инстинктот. „Имам уште многу работи да научам како актерка“, додаде таа.

На прашањето како е да се биде сам, таа одговори „Добра сум, екстремно сум поврзана со самата себе. И сакам оваа порака да ја оставам и на моите деца, за нивната иднина – не е обврзно да се има партнер или сопруг“.

Љубовта не си заминува, само се менува, заклучи Белучи на крајот.

 

x

Check Also

Збогум Питер Линдберг, великан на модната фотографија

На 74-годишна возраст почина великанот на модната фотографија – Питер Линдберг. Линдберг ...