Мора да ги пробате: Армоника тиквички

Ова летно јадење подгответе го за ручек или за вечера и уживајте во неповторливиот вкус.

Од намирници потребно е – 2 тиквички со средна големина, 100 грама шунка или сланина, 150 грама крем сирење, 50 грама моцарела или некое друго сирење кое лесно се топи, 1 чили пиперка, неколку листа босилек и сол и црн пипер.

Подготовка

Исечкајте ги тиквичките по ширина, внимавајќи да не ги пресечете сосема, за да добиете форма на армоника. Шунката исечкајте ја на лентички. Ставете по една до две лентички помеѓу секој рез на тиквичките и притиснете ги лентичките подоле во тиквичката.

Таквите тиквички префрлете ги во сад за печење кој претходно сте го намастиле малку. Печете на 200 степени околу 10-на до 15минути, во зависност дали сакате тиквичките да бидат малку крцкави или не.

Додека тиквичките се печат, подгответе го полнењето – крем сирењето, изренданата моцарела, ситно исечканата чили пиперка и босилекот, помешајте ги во глатка смеса. Наросете сол и црн пипер по вкус.

На крајот, наполнете ги тиквичките со смесата, изрендајте врз нив уште малку кашкавал и печете уште 10-минути, додека кашкавалот и сирењето се стопат. Послужете го јадењето топло.

x

Check Also

Превкусни палачинки од тиква

Дегустирајте ги овие слатки палачинки направени од кралицата на есента – тиквата. ...