Мора да ја видите новата колекција на Moschino&H&M (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По лансирањето на неколку фотографии како најава за новата колекција која настана од соработката на шведскиот моден гигант H&M со луксузната италијанска модна марка Moschino, излезе и каталогот во кои се претставени фантастичните модни парчиња кои ќе може да се купат во продавниците на H&M стартувајќи од 8ми ноември.

За каталогот позира и самиот креативен директор на Moschino, Џереми Скот, а друштво му прават повеќе познати личности и инфлуенсери, како Акварија, моделот Барби Фереира, инфлуенсерите Ами и Аја, моделот Теди Квинливан и други.

Соработката се фокусира на легендарните Moschino дизајни, но и на препознатливиот стил на Џереми Скот. Славните ликови како Мини Маус, Паја Паторот и Шиљо ги красат некои од модните парчиња.

Модните парчиња ќе бидат достапни во продажба во стандардни конфекциски броеви, како и во конфекциски броеви за полнички дами.

Освен облека, колекцијата содржи и модни додатоци, чизми, папучи и чанти.

Во фотогалеријата погледнете ја колекцијата Moschino x H&M.

 

x

Check Also

Како е развиена ТОФ камерата која се приклучи на четворната Leica камера на Huawei P30 Pro

За ниеден љубител на мобилната фотографија не е тајна дека P серијата ...