Морнарскиот моден изглед на Кејт Мидлтон

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во „navy style“ инспирира како да внесеме свежина во облекувањето во сезоната на потопли денови.

Морнарскиот изглед е сосема соодветен за приликата – регатата King’s Cup која има натрпеварувачки карактер. Панталоните со висок струк и дворедни копчиња се од англиската марка LK Bennet, додека маичката со сино-бели риги е од Аркет. Изгледот е заокружен со сини чевли на висока потпетица од Џанвито Роси и елегантни, црни очила за сонце од Шанел.

Контрастно, чантата од Луј Витон, е во црвена боја.

x

Check Also

Кајли Џенер во бикини од Шанел што се постари од неа

Супермоделот Кајли Џенер постираше фотографии на Инстаграм, како на краткиот одмор, носи ...