Морничава ревија на Гучи: Модели со отсечени глави, амбиент на болничка чекална

Со модната ревија на Гучи започна Миланската модна недела.

Со морничава ревија, во амбиент кој личи на операциона сала, луксузната модна марка Гучи ја претстави колекцијата за сезоната есен/зима 2018. Надреалниот пристап на Алесандро Микеле се гледаше и во LED светлата и пластичните столици кои асоцираат на болничка чекална, додека моделите продефилираа по пистата носејќи во рацете отсечени глави, минијатурни змејови или змии.

Што се однесува до колекцијата, во неа е сочувана максималната естетика. италијанскиот дизајнер чувал со својата максималистичка естетика, испраќајќи модели по пистата со невообичаени додатоци. Новата жена претставена од Гучи дефинитивно чекори во ритамот на својата сопствена музика.

За креација на исклучителните модели,  Микеле зел инспирација од повеќе страни на светот и од различни историски времиња, особено од  Блискиот Исток, Јапонија и средновековна Европа. Таа игра со различни мотиви, јасно се отсликува во модните парчиња од колекцијата, кои се сосема различни од до сега видените трендови.

x

Check Also

Кралицата Летиција во точкаста блуза од MANGO

Шпанската кралица Летиција и кралот Филип VI. го посетија спортскиот центар „Чентро ...