Може да јадете колку сакате од овие тестенини: Шпагети од тиквички

Сакате тестенини, но сепак се контролирате во јадењето бидејќи тие се полни со јаглехидрати. Еве трик кој ќе ви се допадне.

tikvicki

Шпагетите од тиквички се нискокалорични и здрави, а од нив може да јадете колку сакате без да се грижите за килограмите.

Пробајте го рецептот шпагети од тиквички со сос од домати и пилешко месо.

Состојки – 1 лажица маслиново масло, 200 грама бело пилешко месо, 1-2 лук, 1 помал кромид, 300 грама пасирани домати (или доматно пире), 2 тиквички исечкани на лентички, сол и црн пипер, босилек.

tikvicki 3

Подготовка

Во поголем плиток сад загрејте го маслото и додадете го ситно исечканото пилешко месо, сол и црн пипер.

Запечете го пилешкото месо и додадете го исечканиот лук и кромид.

Се заедно гответе додека лукот и кромидот не станат меки, потоа додадете го доматното пире (или исечканите домати). Оставете полека да се „крчка“ пет минути.

Додадете го босилекот, по потреба додадете сол и црн пипер, и кувајте уште пет до десет минути се додека сосот не стане густ.

На крајот во смесата додадете ги исечканите тиквички на ленти и само уште неколку минути кувајте. Или пак, тргнете ја смесата од оган, шпагетите од тиквички посебно сварете ги неколку минутки колку малку да омекнат и сервирајте ги посебно.

Сервирајте ги шпагетите од тиквички со малку пармезан.

 

x

Check Also

Палачинки со домашно костен пире

Уживајте во сите благодети на есента вклучувајќи го и овој фантастичен рецепт ...