Може да набавите билет за шоуто на Викторија сикрет за 25.000 долари

Сеуште не е објавена точната дата кога ќе се одржува големото шоу на Викторија сикрет, но традиционално, тоа се одржува во месец ноември. Во последните години спектакулараната ревија се одржуваше и во Мајами, Лос Анџелес, Париз, Лондон и Шангај, а годинава таа повторно се враќа во Њујорк.

Сара Сампајо

На годинешното шоу на Викторија сикрет ќе учествуваат 18 модели кои ќе излезат на модната писта во секси модни парчиња од новата колекциј на прочуениот бренд за долна облека. И благодарение на ангелот Сара Сампајо, два билета за шоуто се ставени на аукција на нејзиниот Инстаграм профил.

Во јули годинава, Сампајо ја сподели на својот Инстаграм профил својата исповед дека од нејзината 15-годишна возраст боледувала од трихотиломанија -растројство во контролата на импулсите. Главен симптом е кубење на влакна од телото, обично од косата, но и од други делови од телото, како веѓите и трепките, при соочување со сресна ситуација. За да ја подигне свеста за болеста и да ја поддржи TLC Фондацијата, Сампајо на своите фанови им понуди два билета за шоуто на Викторија сикрет. Поточно, организираше аукција за два билета. Аукцијата завршува утре, на 11ти октомври, а на ден пред завршувањето, за сега, цената за билетите достигнаа сума од 25,999 долари за едниот билет, и 28,499 долари за другиот билет. Се очекува дека до утре двата билета кои се на продажба ќе достигнат цена од 30.000 долари.

 

 

x

Check Also

Шоуто на Викторија сикрет со најлоша гледаност до сега

Шоуто на Викторија сикрет кое се емитуваше на NBC каналот, има најлоша гледаност ...