Mожност за врвен WMF подарок со вградените уреди на Samsung

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. најавува одлична промоција на совршен кујнски тандем што долго време ќе биде дел во вашиот дом. Со купување на еден или повеќе одбрани Samsung вградени уреди, секој купувач добива можност да добие на подарок WMF сет на садови „Diadem Plus“ – врвен кујнски сојузник за уживање во вкусните јадења, кои се приготвуваат со мерак.

Доколку се одлучите да ја опремите вашата кујна со вградените уреди на Samsung, бидете убедени дека вашиот кујнски ентериер ќе добие стилски и модерен дизајн. Во склоп на селекцијата на Samsung вградени уреди, кои се дел од оваа промоција, вклучени се одбрани модели на Samsung производи од линиите на висококвалитетните машини за садови, аспиратори, микробранови печки, рерни, како и фрижидери. Што и да одберете од понудените промотивни вградени уреди на Samsung кои се на промоција, во комбинација со WMF сетот на садови „Diadem Plus“ како подарок, со сигурност ќе уживате  целосно во омилените оброци. Samsung со своите вградени уреди нуди дискретен изглед, притоа креирајќи модерна и компактна кујна за сечиј вкус.

Оваа уникатна промоција трае од 10.07. до 31.08.2020 година. За да го остварите правото на подарок, посетете некој од салоните на Нептун, Техномаркет и Сетек, кои што се овластени продажни партнери на Samsung , каде ќе можете да ги најдете вградените уреди кои се дел од оваа промоција. Секој купувач со купен еден или повеќе вградени уреди во вредност од најмалку 31.000 денари, има право да добие подарок WMF сет на садови „Diadem Plus“, со тоа што по купувањето потребно да го регистрира купениот уред или уреди најдоцна 30 дена од датумот на издавање на сметка, со испраќање на мејл порака на e-адресата ce.promo@samsung.com и да ги наведе своите лични податоци: име, презиме, е-адреса, домашна адреса на македонска територија (заради доставување на подарокот), телефонски број (со цел контактирање во врска со испораката на подарокот), приказ (скен) на фискалната сметка од купениот еден или повеќе уреди, моделот или моделите на купените уреди, како и и сериски број/еви на уредот/ите.

За повеќе информации за Samsung вградените уреди кои се дел од оваа промоција, како и за разгледување на сите правила и услови, посетете ја:

https://www.samsung.com/mk/offer/wmf-promo/.

 

x

Check Also

Galaxy Tab S7|S7+: нови Samsung таблети за работа и забава

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd во текот на завчерашниот Galaxy Unpacked настан, ...