Мултиколор е новиот тренд на нокти, Рита Ора и Кристин Стјуарт веќе го носат

Глумицата Кристин Стјуарт на настанот Metiers d’Art на Chanel, се појави со необичен маникир – нокти во различни бои. И оттука, се започна.

Кристин Стјуарт

Нокти налакирани во различни бои кои изгледаат како виножито. Од виолетова до нијанса на праска, портокалова, сина, жолта…Секој нокт посебна приказна во боја. Десет различни бои. Трендот на мултиколор нокти го освојува светот и тој е најпопуларен за летната сезона 2019.

По Кристин Стјуарт, и Рита Ора покажа дека е поддржувач на овој тренд.

Рита Ора

И на Инстаграм, фотографии со мултиколор трендот се постираат од сите страни на светот. Некои лакирања имаат „градација“ на нијансите, додека други немаат никаква логика во изборот на контстратни бои.

Пробајте, забавно е и многу впечатливо.

x

Check Also

Springfield ни носи парфеми инспирирани од старите касетофони

Андрес, Луј и Начо, членовите на популарниот шпански бенд Dvicio, познат по ...