Мусака со тиквички, модар патлиџан и сирење, ммм…

Едноставен рецепт од сезонски зеленчук и сирење за совршено уживање во ручекот.

Потребни намирници – 350 грама тиквички, 300 грама модар патлиџан, 300 грама домати, 600 грама младо сирење/кашкавал -моцарела или гауда, 0,5 л. павлака за готвење, 2 јајца (жолчки).

Подготовка

Тиквичките и модриот патлиџан исечкајте ги попречно на половина сантиметар кришки, посолете ги, пропржете ги од двете страни и ставете ги на хартија да се впие маслото.

Доматите исечкајте ги на кругови. Моцарелата или гаудата крупно изрендајте ги, а жолчките од двете јајца добро измешајте ги со павлаката.

Премачкајте ја добро со масло тавата за печење и наредете ги намирниците по овој редослед – тиквичките, сирењето, модриот патлиџан, сирење, тиквички, сирење, модар патлиџан, сирење и на врвот доматите. Над доматите истурете ја павлаката со во неа помешаните жолчки и печете на 180 степени од 45 до 50 минути.

x

Check Also

Кремаст спанаќ во бешамел сос

Подготовката на спанаќ со млеко претворете ја во посебно јадење на кое ...