Музичкиот состав The Chicks го промовираа првиот спот направен со помош од Витаминка

Женскиот музички состав The Chicks го промовира својот прв видео запис снимен со помош од Витаминка. Поддршката од Витаминка за младото музичко трио, значи навлегување на поп-рок музичката сцена и воопшто поддршка на македонската музичка продукција и нејзина популаризација особено кај младите.

Спотот е направен за песната „Ах тие очи“ што ветува да биде летен хит на девојките од Тhe Chicks, Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова, Моника Ѓорѓиева. Текстот за песната е авторство на трите девојки, а музиката и аранжманот се на Сашко Костов. Аудио продукцијата е потпишана од Дино Зуќиќ во студиото Dino’s Home Studio, а видео продукцијата е на Иво Иванов, Foto Video Studio Penta. Спотот што изобилува со импресивни летни пејзажи е сниман на локација на Велес и околината.

The Chicks се млад музички состав од Велес со доминантна женска енергија што внесува освежување на македонската музичка сцена.

Спотот од песната е достапен на линкот.

x

Check Also

Мистериозна клупска забава за сите сетила

Со воведувањето на едно невообичаено искуство уште во 2017 година, Neuland платформата која ...