My Precious, Совршенство во вашата кутија за накит

Кога совршeнството се наоѓа во едно магично ателје во кое се крие најголемото богатство на една дама. My Precious е најубавото ателје во градот скриено во Т.Ц. Лептокарија во кое на секоја „зависничка“ од уникатен накит и застанува здивот.

01

Романтично ателје и продажен салон во кое и мажите уживаат додека го одбираат подарокот за нивната поубава половина . Совршенство креирано од Елена Поповска дизајнер и сопственик на брендот My Precious.

13

Накитот како симбол на убавината отсекогаш ги растреперувал душите на дамите. Ги украсувал нив самите, го покажувал нивниот општествен статус, ја изразувал внатрешната (душевна) убавина, нивниот животен стил.

02

Се чувствувате “голи” доколку вашиот коктел фустан не е надополнет со омиленото цветно синџирче и филигранските обетки од My Precious подарок од вашиот сакан. Зависни сте од вашето омилено парче накит кое го носите и додека сте во ноќница, бидејќи соништата со него ви се поубави. Мали светкави нешта кои ве прават да се чувствувате посакувана.

04
Може постојано да го носите вашиот омилен фустан и никој да не го забележи тоа, а вие само продолжете умешно да го “криете” зад вашата омилена огрлица од филигран и моќен црн Обсидиан.

05
Облеката визуелно ја презентира душата на човекот, а накитот го покажува моменталното чувство. Расположени сте, а вашите дланки се украсени со убав цветен прстен, со прекрасен бел бисер од My Precious.

08
Совршен избор за дамите кои уживаат во моќта на среброто и нежноста на кристалите кои ја истакнуваат нивната нежна и романтична страна. Совршен подарок за Вашата најсакана.

03

06 podarok

Вашето едноставно црно палто ќе изгледа многу побогато доколку го украсите со уникатен брош кој ќе ја разигра Вашата елеганција, или магичен филигран со прекрасна Катлеа која ќе расцути на вашиот врат.

Katlea 900x
Само еден мал детал на вашиот гол врат ќе направи да се чувствувате посебно. Зависноста од накит е иста како и зависноста од никотин, само што овојпат наместо вашето здравје страдаат само погледите на вашите пријателки вперени во вашето ново парче накит од My Precious.

14

За љубителите на мистиката на бакарот My Precious подготви прекрасна пролетна колекција од огрлици, обетки и мистични прстени инспирирани повторно од убавината на цвеќињата и нивната моќ како вечен украс и синоним за нежност и совршенство.

11

Во секое парче накит е вткаена љубовта кон животот, природата и убавината. Секој дизајн во себе носи своја приказна. Приказната на природата и животот е неисцрпна. Со дизајните од цветови, орхидеи, листови, пеперутки, риби, корали …
Сакам да го доближам нивното присуство поблиску до сите нас, до срцето на секоја жена, вели Елена Поповска која е вистински вљубеник во природата и приватно и од професионален аспект како магистер по земјоделие, генетика и селекција на градинарски култури.

10
Дел од дизајните се инспирирани од минатото и тие секогаш во себе ја носат пораката дека тоа што поминало секогаш ќе остане како дел од сите нас, убавина која повторно може да биде наше секојдневие, наш украс кој ни ја разувавува душата и одразот во огледалото. Дел од дизајните се’ со целосно модерна приказна. Ера на нови технологии, наука, компјутери, напредок и иновации, вели Елена Поповска – сопственик и креатор на брендот My Precious.

582131_460975603996711_1674045528_n

Без разлика дали дизајнот е поедноставен и кој може да се носи секој ден, или пак е поелегантен и одговара само за свечени прилики тој ја носи во себе љубовта кон животот и убавите моменти кои треба засекогаш да останат во нашите спомени.

Bakar lance orhidea 900x

My Precious на своите клиенти им овозможува да креираат свое уникатно парче накит кое од секогаш го посакувале.
Техничките можности и изборот на материјали и стилови во изработката на накит во студиото My Precious му овозможуваат на клиентот да направи спој на повеќе материјали, уникатна комбинација на филигран со полудраги камења, накит изработен од бакар, плексиглас (изработен со ласер технологија), монистра и Сваровски кристали – корали (corralling техника), комбинација на монистра и полускапоцени камења, Сваровски кристали и филигран во техниката netting.

07

My Precious – местото каде што желбите стануваат реалност, местото каде што совршенството е носливо и видливо со голо око, местото каде што убавината на дамите и накитот се’ едно.

09

 
my preciousАтелје и продажен салон : My Precious
Art and Filigree Jewelry created by Elena Popovska
Локација: Т.Ц. Лептокарија
ул: Никола Русински 3-5/005, 1020 Скопје
Контакт телефон: 075 681 994
FACEBOOK : My Precious
WEB: www.myprecious.con.mk
 

Еден коментар

x

Check Also

Скопје Сити Мол стартува со Black Friday Week

Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту ...