На 24-ти март во Градски парк во Скопје ќе се одржи Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

Мечувалечки клуб Ескрим оваа година, по трет пат, ќе ја организира Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром. Истата ќе се одржи во Градски парк во Скопје во недела, 24-ти март, со почеток во 11 часот.

Секоја година сѐ повеќе луѓе се вклучуваат во поддршка и организаторите апелираат тоа да продолжи затоа што, како кажа Билјана Кузмановска, организатор на трката, за децата изминатата година, „Ова се нашите витези, ова се нашите шампиони!“. Според нив, храброста на овие млади треба да биде негувана од секој аспект од нашето општество. Тие се сигурни дека и оваа година ќе приредат незаборавен настан кој ќе прерасне во традиционална манифестација која ќе ги поддржува лицата со Даунов синдром.

Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром се одржува по повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром. Сите средства собрани од котизациите ќе се искористат за доопремување на дневниот центар за лица со Даун. За зголемување на поддршката се повикуваат сите да го проследат настанот на Фејсбук фан страната: https://www.facebook.com/events/2289254421358215/.

За купување на котизации треба да се посети https://www.smartrace.club/.

x

Check Also

17 нови Барби-кукли дизајнирани според ликовите на инспиративни жени

Цели 58 години популарните кукли Барби ја промовираат модата и модните трендови, ...