На 4.300 квадратни метри: Во Чикаго се отвора најголемиот Starbucks на светот

По отворањето на грандизониот Starbucks – Reserve Roastery во Токио, на почетокот на оваа година, популарната „кафетерија“ е подготвена да ги отвори вратите во Чикаго и тоа со најголемо нејзино издание.

Датумот на отворањето е закажан за октомври. Огромната кафетерија ќе се простира на 4 ката, на простор од 4.300 квадратни метри. Дел од овој простор ќе биде адаптиран за продажба на ретки Starbucks кафиња од цел свет, а на гостите ќе се нудат и пијалоци, чаеви, крафт коктели и храна.

Најголемиот Starbucks на светот ќе работи до полноќ во петок и сабота, а во останатите денови до 23 часот.

 

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...