На денот на љубовта доделен автомобил од инстант лозови подарени на свадба

Инстант лозот Мини Макси донесе Среќа Плус на млад брачен од Битола.


Лилјана и Илија Ванчовски ќе се возат во својот автомобил MINI ONЕ благодарение на СРЕЌА ПЛУС на Државна лотарија.
Со оглед на тоа дека се верни играчи на игрите на среќа на Државна лотарија, среќните добитници чија свадбена прослава се одржала на 25ти октомври, на свадбената покана напишале дека наместо цвеќе и бонбониери би сакале да добијат инстант лозови. Од многуте коверти со инстант лозови кои се специјално дизајнирани и наменети за ваков вид на прослави имале помали добивки за кои на продажното место Димпо во Битола, направиле замена исклучиво со инстант лозот Мини и Макси посакувајќи еден од атрактивните автомобили.  Со клучевите во рака, Лилјана и Илија, среќни ни раскажаа за нивното неизмерно изненадување, возбуда и среќа. Убаво е кога заедничкиот живот ќе го започнеш со СРЕЌА ПЛУС.
Приказната на Лилјана и Илија е уште еден доказ за успехот на СРЕЌА ПЛУС на Државна лотарија и потврда дека секому среќните мигови можете да му ги направите уште посреќни со дарување инстант лозови.

Од Државна лотарија им честитаме на младенците на кои подарените инстант лозови им донесоа вистинска СРЕЌА ПЛУС и им пожелуваме долговечна заедничка среќа.

 

x

Check Also

Неделен хороскоп (30.март до 5.април): Топ знаци на неделата – Близнаци, Вага и Водолија

Оваа недела планетата Марс ќе го напушти знакот на Јарец за да ...