На денот на неговиот роденден: Сеќавања на Тенеси Вилијамс, фраер кој не престанува да инспирира!

Еден од најпознатите американски драматурзи кои сеуште не престанува да не инспирира со женските ликови кои се најслични на него и на жените што заземале значајно место во неговиот живот. Тенеси Вилијамс за нас (како и за многу жени од неговото време) останува фраер наречен желба!

tenesi 1 Во чест на неговиот роденден (роден е на 26 март, 1911 година) да се потсетиме на 10-те работи „извлечени“ од неговата животна приказна.

1.

Пишуваше за „дивите во срцето“ кои сакаат живот надвор од монотонијата на општеството што ја наметнува. Зборуваше дека неговите ликови се слика на него самиот и дека неговите женски ликови се најслични на него и на жените што заземале значајно место во неговиот живот.

2.

Имал проблематично семејство кое подоцна ќе му стане инспирација за голем дел на делата. Мајка му била потомок на стара аристократска фамилија, а татко му – трговски патник, коцкар и алкохоличар, кој станувал сè поголем насилник како што децата растеле.Кога Тенеси има 5 години, добива дифтерија и останува парализиран две години. Во тој период, кога практично ништо не може да работи, мајка му го поттикнува да ја развива фантазијата и сам за себе да си создаде свет што ќе му биде засолниште од реалноста. Кога на 13-от роденден мајка му подарува машина за пишување, почнува да пишува песни, кратки приказни и филмски критики. Пишувањето потполно го освојува, а подоцна ќе каже дека тоа бил единствениот начин на кој го чувствувал животот.

3.

Пријателите го сметале за самотник, кој времето го минува со својата машина за пишување. Самиот го сметал училиштето за здодевно, па имал лоши оценки. За казна, татко му го принудува да се вработи во фабрика за чевли, каде што останува 4 години. Во тоа време почнува сè повеќе да пишува, да го гради својот стил, подоцна наречен јужен готски стил. Искуствата и сеќавањата на овој период од животот подоцна ќе ги претстави преку ликот на Стенли Ковалски во своето прочуено дело „Трамвајот наречен желба“. Најпосле, во 1935, ја напушта фабриката.

tenesi 2

4.

Во 1939 година се сели во Њујорк и се запишува во Драмска работилница. За да преживее, работи повеќе работи, но пишува и се бори за делата да му бидат некаде прифатени. Првата значајна награда пристигнала од Фондацијата Рокфелер за делото „Битка на ангелите“, а делото е поставено во театар во Бостон веќе следната година, со слаб одѕив на публика. Она што преостанало од 1.000-те долари од наградата „Рокфелер“, Тенеси Вилијамс го искористува да се пресели во Њу Орлеанс, својот омилен град од кој бил обземен.

5.

40-те и 50-те години на 20 век се во потполност негови. Неговите најуспешни претстави се од тој период: „Стаклена менажерија, „Трамвајот наречен желба“. „Тетовирана ружа”, „Мачка на усвитениот лимен покрив”, „Симнувањето на Орфеја”, „Слатката птица на младоста”, „Ненадејно, минатото лето”.За „Трамвајот наречен желба” во 1948 година и „Мачка на усвитениот лимен покрив” 1955 година, добива Пулицерова награда.

6.

Доминантните теми во делата на Вилијамс се незадоволството од животот, чувствителноста на жената, суровоста на мажот, недоразбирањата на мажот и жената, потиснатата хомосексуалност и неприфаќање на различностите. Интересно е тоа дека неговите женски ликови се најслични на него и на жените што заземале значајно место во неговиот живот.

tenesi 4

7.

Иако продолжува секојдневно да пишува, сè повеќе им се предава на алкохолот и наркотиците, а причина за тоа е и депресивната состојба во која паѓа по смртта на неговата голема љубов, сицилискиот актер Филипе Мерло, со кого живеел 14 години. Набргу по прекинувањето на нивната врска на Филипе му е дијагностициран рак на белите дробови и Вилијамс се враќа за да се грижи за него сè до смртта, 1963.

8.

Засекогаш ќе го памтиме како инспиративен писател што не се плашеше од контроверзни теми и кој веруваше дека животот е прашање без одговор, во кој мора да се внимава на човечкото достоинство.

tenesi 5

9.

Тенеси Вилијамс почина во 1983 година, од последица на задушување од капакот од шишенцето со лекови, во својата хотелска соба во Њујорк. Според некои мислења славниот писател е убиен, според полицијата пак, постои тврдење дека во прашање биле лековите, па на крајот се смета дека до несреќниот крај дошло под влијание на алкохол и лекови. Погребен е во Сент Луис, градот каде што го поминал своето детство. Во текот на животот зборувал дека го мрази тој град и дека сака неговата пепел да биде растурена по Мексиканскиот залив.

10.

Драмите на Вилијамс до денес се изведуваат низ светот и продолжуваат да инспирираат (некои од неговите најдобри дела станаа толку популарни бидејќи се адаптирани за филм и така постигнаа голем успех). Нас пак, продолжува и понатаму да не инспирира неговиот стил  (и животен и моден и мисловен), и веројатно како многу жени од неговото време, на овој фраер гледаме – како на желба.

С.С,  Ј.К

 

x

Check Also

Сродните души на хороскопските знаци

Сте се запрашале некогаш што астрологијата може да ве научи за изборот ...