И на еден луксузен Ролекс му треба малку фотошоп

Секој кој сериозно се занимава со фотографирање е свесен за фактот дека фотографирањето е само почетна точка од целиот процес до финалниот резултат кој неопходно се случува преку обработка на фотографијата.

roleks 1

Многумина од нас се свесни дека фотографиите од гламурозните модели кои ни се насмевнуваат од страниците на списанијата се обработувани, доработувани, фотошопирани…Но, што се случува со производите кои блескаат во рекламните кампањи.

Фотографот Андреас Јорг фотографираше Ролекс часовник, а потоа продолжи со обработка на фотографиите. За обработката му биле потребни два часа, а во текот на работата го создал и 9-минутното видео кое го покажува целиот процес. Ако ги споредите необработените со обработените фотографии лесно ќе ги забележите разликите. Ролексот на обработените фотографии изгледа како да блеска, како да е жив, безмалку како да ќе проговори.

 

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...