На лондонската ревија Рикардо Тиши ја покажа новата ера на Burberry

Новиот креативен директор на британската луксузна модна марка донесе нова ера на сцената.

Со лондонската модна ревија, револуцијата во Барбери е најавена. Дебито на Рикардо Тиши ќе остане запамтено без сомнеж како едно од најочекувата на сезоната.

По промената на логото, Барбери го покажа својот нов, софистициран и свеж имиџ.

Поранешниот креативен директор на Живанши, а нов во Барбери, Рикардо Тиши напиша на својот Инстаграм профил, веднаш по назначувањето на позицијата – Имам голем респект за наследството на Барбери, сакам да ги прославам убавината и да го валоризирам потенцијалот“

Новата колекција поаѓа од главниот симбол на брендот – мантилот, но сега е уште поелегантен и модерен, со впечатливи детали на него.

Беж бојата, препознатлива за Барбери, останува доминантна, а најголем дел од креациите се посветени на совршената деловна жена.

x

Check Also

Бакопа, цвеќе кое ќе го разубави секој балкон

Ако барате цвеќе кое ова лето дополнително ќе го разубави вашиот балкон ...