На плажа со љубов: Костими за капење од & Other Stories

Модната марка & Other Stories го лансираше модниот водич за костими за капење насловен Seaside with love.

За тренд-водичот позира Браина Лавиена која не само што ги презентира новите костими за капење, туку истовремено промовира позитивен поглед на различноста на телата.

Акцентот во новата колекција од & Other Stories е на едноделните костими за капење и бикините со висок струк во ретро стил инспириран од 60-те години. Од палетата на бои доминираат класичната црна, жолтата нијанса и трендовскиот „анимал“ принт. Повеќе модели на костими за капење се украсени со копчиња, додека од модните додатоци – тука се сламените шапки и популарните плетени торби идеални за на плажа.

x

Check Also

ФОТО/Вака се носи кариран дезен на 20, 30, 40, 50 години: Учиме од Кејт Мидлтон и Викторија Бекам

Се ближат празниците кои меѓу другото ги врзуваме и со карираниот дизајн, ...