На шопинг на мебел на скопскиот Мебел булевар

Улицата Првомајска во општина Кисела Вода од 5ти јуни 2015 година ќе почне да се нарекува “Мебел Булевар”. Оваа одлука беше донесена по договор на претставниците на сите компании за мебел што се наоѓаат на таа улица. Идејата е да имаат симболично име на улицата кое ќе ги преставува и преку заедничките акции и попусти ќе биде од полза за сите купувачи.

Mebel Bulevard

“Мебел Булевар е заедничка идеја за име кое што ќе го преставува она што веќе долго време е улицата Првомајска за граѓаните и нашите потрошувачи. Улица со многу салони и продавници за мебел кои што нудат комплетни решенија за уредување на домот. Ова, исто така докажува дека ние, компаниите, што се наоѓаме на оваа улица работиме за потребите и желбите на потрошувачите. Попустите се дополнителен стимул за сите заинтересирани да дојдат, разгледаат и си купат нешто ново по промотивна цена од Булевар Мебел.” изјави Тони Божиновски, директор на компанијата Технокооп.

Како дел од овој настан, во периодот од 5-ти до 15-ти јуни, повеќето салони и продавници за мебел ќе овозможат специјален попуст од 15 до 30 отсто на својот асортиман, како и специјални изненадувања на продажни експонати. На Булевар Мебел се наоѓаат познатите компаниите за мебел како што се Технокооп, Ото Мебел Маркет, Канапе, Карат, Кристина Дамил, Мебел Ви, Треска и Мондиви кои сите заедно се простираат на површина поголема од 20 000 метри квадратни.

Ваквиот тренд на синонимно значење на улиците иако е нов кај нас, не е нов во многу светски метрополи кои ваквиот метод редовно го практикуваат и го наметнуваат како репрезент на заедничките дејности што ги објавуваат компаниите што се лоцирани по улиците и булеварите.

x

Check Also

Хари и Меган и кралското семејство завршија во сатиричен цртан филм

Принцот Хари, Меган Маркл и целото кралско семејство се најдоа во нова ...