На снег со стил со новите Бентли скии

Иако се приближуваме кон крајот на зимската сезона, Бентли ни најавува уште една модна новост, која е поврзана со дизајнот и брзината, но не и со автомобилизмот.

bentli 3Станува збор за новите скии Бентли кои прочуениот производител на луксузни автомобили ги направи во соработка со швајцарската компанија специјализирана за ски-опрема Цаи (Zai).

Веќе неколку години двете врвни марки соработуваат за да лансираат скии кои би биле вонсериски и според дизајнот и според перформансите. Ете го резултатот.

bentli 2Во изработката се употребени врвни материјали, а употребна е традиционалната техника за изработка на скии.

Колекцијата е лимитирана на 250 парчиња. Нема да ве изненади цената, скиите Бентли чинат 10.850 долари.

x

Check Also

E-banking како ново нормално при користење на банкарските услуги

Во последниве две години, како последица од глобалната пандемија, научивме како паметно ...