На врвот на листата на нашите празнични подароци го ставаме накитот од Majorica (ВИДЕО)

А кој не сака накит?! Сакаме да го добиеме на подарок, сакаме да го подариме на нашите најдраги лица. Накитот е најомилениот избор за подароци кога станува збор за одбележување на свечени пригоди и посебни денови, какошто се Новата година и Божиќ. Со накит за подарок никој нема да погреши. Самиот поглед на добиениот накит може да нѐ потсети на важен миг во животот, на важна порака, на искажана љубов и внимание.

Сепак, кога веќе даруваме накит, или кога за себе го купуваме, треба да внимаваме чиј потпис стои зад накитот, кој е произведувачот кој го гарантира квалитетот и дали е дизајнот современ. Затоа, на врвот на листата на нашите празнични подароци, го ставаме накитот од Majorica.

А вистинскиот накит, најчесто доаѓа во комплет. Може да биде комбинација од ѓердан, белегзија, прстен и обетки, или по непишаното правило – ѓердан и прстен, бегелгзија и обетки. Тоа е нашиот пријателски совет за подарок.

Доколку пак, го купувате накитот Majorica за себе, за да блеснете во празничните денови, внимавајте да го минимализирате сето останато што го носите, за акцентот да биде на самиот накит. Во тој случај, облеката би требала да биде едноставна, дизајнирана од квалитетен материјал, во неутрална нијанса, без нагласени детали на горниот дел кои би можеле да го пренасочат вниманието од накитот.

Бисерен накит? Совршено решение кога сакаме да ја нагласиме елеганцијата и женственоста. И повторно, се враќаме на прашањето на квалитетот. Бидејќи не е бисер сѐ што се продава како бисер.

Бисерот Majorica се состои од кристално опално јадро и поседува идентични својства на густина и тежина како и кај култивираните првокласни бисери. Покриен е со повеќе слоеви на „бисерна есенција“, екстракт добиен од органски елементи од Средоземното Море со примена на единствена, чувана во тајност, техника. Нејзината комплексна формула верно ја претставува раскошноста, убавината, издржливоста и совршенството на најдобрите природни бисери.

Веќе ве одлучивме, нели?!

Во продолжение, погледнете го видеото и направете го вистинскиот избор.

Накитот MAJORICA е достапен во продажба: Skopjе City Mall I кат, Ramstore Mall приземје.

 

x

Check Also

Ексклузивните производи на Fashion Group поблиску до вас – отсега и преку мобилна апликација

Светските брендови Desigual, Diesel, Geox, Guess, Inuikii, Levi’s, Mango, Parfois, Premiata, Replay, ...