Над 40 добитници на награди и подароци од Капитол мол и партнерите на „Денови на семејни игри“

 

Родители и деца, сите заедно, со ентузијазам и радост се натпреваруваа на „Денови на семејни игри“ на платото пред Капитол мол, во четвртокот, петокот и саботата. Нивната среќа доминираше пред настапите на баскерџиите од Баскерфест Македонија кои го најавија својот фестивал со точки исполнети со мистерија и магија.

„Денови на семејни игри“ беше организиран од страна на Капитол мол со цел да ја врати носталгијата на детските игри во маало. Самиот настан го привлече вниманието на стотици посетители и успехот беше очигледен од насмевките на децата и родителите додека играа школка, се тегнеа со јаже, играа минско поле, вртеа хулахоп и други игри. Најдобрите од четвртокот и петокот влегоа во финалето кое се играше во саботата. Десетици тимови составени од родител и  дете беа пријавени и сите кои учествуваа си заминаа со награди од Капитол мол и од партнерите и поддржувачите.

Овој настан го претставува духот на Капитол мол кој секогаш подготвува активности и кампањи пригодни за секој посетители за сите возрасти.

„Денови на семејни игри“ беше поддржан и од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија кои го промовираа проектот #БидиАктивен (#BeActive), кој се одржува во склоп на Европската недела на спортот која е во септември.

x

Check Also

На слончето на Халкбанк му треба име! Биди кум на новата маскота за Детско штедење и можеш да добиеш 10.000 ден

Во октомври, месецот на штедење, Халкбанк ја претстави својата нова маскота за ...