Надал ја продава јахтата за 2,6 милиони евра

Познатиот тенисер Рафаел Надал ја продава својата сакана јахта која ја нарече Бетовен поради љубовта кон класичната музика.

Италијанската MCY 76 јахта, Надал ја купил пред три години.

Со цена од 2,6 милиони евра, јахтата е опишана како совршено очувана и со сите платени даноци.

Во неодамнешното интервју, тенисерот објаснува дека јахтата го релаксира: „ Кога сум на својата јахта можам да одам каде сакам и кога сакам. Мојот брод се наоѓа на минута со автомобил од мојата куќа, па така во секој момент можам да се одлучам некаде да одам, а веќе утредента да се вратам. Тоа ми дава можност да се релаксирам“.

Претходно, Надал имал друга јахта, Princess V62, а сега пак, сака нов брод со уште повеќе простор и со спортски дизајн.

x

Check Also

Меган Маркл ја претстави својата хуманитарна колекција

По породилното отсуство, Меган Маркл се врати на должност – во лондонската ...