Надица Димковска вечер ќе ја претставува Македонија на Мис Глоуб

Вечер (сабота) во Скадар, Албанија, ќе се одржи големото финале на избор за Мис Глоуб 2014.

mis 1

Македонија ќе ја претставува 19-годишната Надица Димковска која минатиот август победи на изборот за Мис на Македонија 2014 за Мис Глоуб.

mis 2

Надица заедно со екипата на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој избор, веќе две недели се наоѓа во Албанија и Црна Гора на подготовки за големото финале. Финалето ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот во Палатата на спортовите во Скадар.

mis 4

Мис Глоуб е еден од најстарите и најпрестижните избори за убавина во светот, а ова е негово 41 издание.

Модното студио Црнокрак оваа лиценца ја поседува уште од 1997 година, кога за првпат во Инстанбул, Македонија ја претставуваше Светлана Црнокрак. Минатата година македонската претставничка Симона Станковска имаше извонреден настап на Мис Глоуб, освојувајќи дури пет титули.

„Се надеваме дека годинава Надица Димковска ќе ја продолжи традицијата на успешни претставувања на македонската убавина. Таа имаше интензивни двомесечни подготовки со нејзиниот личен тренер Саша Цветковски и во салонот за убавина Мое стидио Дадар, а ќе се претстави со фустани од креаорката Ива Спасовска“, велат од Модното студио Црнокрак.

mis 3

На настанот, на самото финале и на забавата која ќе се случува потоа, ќе настапи и популарното дуо Диџеј Ерик Фокс и атрактивната Симона Попоска.

x

Check Also

Црни модни изгледи за зима 2019/20 од & Other Stories

„Фрлете“ погледн на црните модни комбинации од модната марка & Other Stories дизајнирани ...