Надица Димовска е новата Мис на Македонија за Мис Глоуб

Во хотелот Романтик во Дојран се одржа финалето на изборот за Мис на Македонија за Мис Глоуб, а победи 19-годишната Надица Димовска од Скопје.

mis 2

Прва придружничка е 16-годишната Ивана Ѓорѓиевска од Скопје, а втора придружничка е Ангела Ставревска (16) од Охрид.

mis1

Победничките добија награди од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, стипендии во вредност од 10 илјади евра, како и други награди од спонзорите.

Димовска ќе ја претставува Македонија на Мис Глоуб 2014, настан кој ќе се одржи во ноември во Албанија. Придружничките пак ќе настапат на други интернационални избори за убавина за кои Модното студио Црнокрак поседува лиценци.

 

x

Check Also

Victoria’s Secret со колоритни костими за капење за лето 2020

Супермоделот Тејлор Хил е ѕвезда на новата рекламна кампања за костими за ...