Надица Илова: Ќе ги разгледам понудите и ќе прифатам некои од нив

Македонската убавица Надица Илова на Мис Евроазија ја освои титулата Мис Поларис. Со титулата пристигнаа и бројни понуди.

nadica 3

Изборот Мис Евроазија веќе прерасна во традиција. На овогодинешниот избор кој се одржа во Анталија учествуваа 25 убавици од Европа и Азија.

„Дружењето, новите пријателства и искуства кои ги добив ќе ги паметам засекогаш. Со секојдневните ангажмани и задачи, јас и уште три девојки бевме избрани за лица за насловна страница за познат турски лајфстајл магазин и каталог. Од истите лица добив и понуда за понатамошна работа како модел, но поради други професионални и лични причини морав да се вратам назад во Македонија, па понудата ја оставив на чекање“, објаснува Надица.

На изборот Мис Евроазија Надица ја освои титулата Мис Поларис, која е спонзорирана од најпрестижни и најголеми марки за обувки во Турција.

nadica 4

„Ова лето веќе испланирав да одам на море со друштво, да соберам енергија, затоа што веќе од август со мојот менаџер Олег имаме во план да ги разгледаме добро веќе пристигнатите понуди, и да прифатиме некои од нив“, вели Надица.

nadica 2

x

Check Also

Тага во модниот свет: дизајнерот Кензо Такада почина од коронавирус, ќе го паметиме по моќта на цветниот принт

Јапонскиот дизајнер Кензо Такада почина на 81-годишна возраст од компликации на коронавирусот. ...