Наградени најдобрите со „Твитер и блогираме награди“

Специјална награда од Македонски Телеком за иницијативата „Ретвитни оброк“.

telekom 4

Во петокот во кино Фросина се одржа завршната церемонија на четвртите по ред „Твитер и блогираме награди“ кои имаат за цел да ги соберат на едно место сите најдобри твитерџии и блогери. Најдобрите беа наградени во 26 различни категории. Во изминатиот период за нив можеа да гласаат сите кои имаат свој блог или твитер профил. Оваа година Македонски Телеком додели и специјална награда која се однесува на акцијата „Ретвитни оброк“, а која беше волонтерска иницијатива на Твитер заедницата да готват еднаш неделно  топли оброци за бездомниците.

telekom 2

telekom

„Уште една успешна и плодна година за нас блогерите и твитерџиите одлично заокружена со овој настан кој ни овозможи сите да се собереме на едно место и да си подадеме рака за најдобрите и најпопуларните постови и блогови кои ја одбележаа годината која измина. Сакам да и се заблагодарам на целата Твитер заедница која пројави интерес да земе учество во изборот на победниците како и за целата креативна енергија која се канализира на социјалните мрежи“, изјави Јован Димитров  еден од основачите на Блогираме.мк.

 

 

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...